СДСМ: Врвен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата

Од:

„Врвен приоритет на СДСМ е борбата против криминалот и корупцијата, институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните

Владата предводена од СДСМ и институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните, на обезбедување ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

Јавноста е сведок на секојдневни акции на Министерството за внатрешни работи против прекршување на законите, за пронаоѓање лица во бегство од издржување казна затвор, на откривање економски криминал, како и на борба против трговија со дрога и психотропни супстанци“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Деновиве преку професионална, одлучна акција припандници на МВР спречија влез на 252 мигранти, при што во истата акција сузбиена беше 12 члена организирана криминална група.

Во последниот период засилена е контролата на сообраќајни прекршоци, а припадниците на полицијата активно работат и на санкционирање на прекршителите на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Врвен приоритет на СДСМ е борбата против криминалот и корупцијата, затоа следува процес на целосно прочистување на судството и уште поголема транспарентност и отвореност на државните инситуции.

Градиме држава во која законите важат подеднакво за сите“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство