(ВИДЕО) Талески: Институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните

Од:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е посветена на обезбедување ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

Доказ за тоа, меѓудругото е и посветената работа на Министерството за внатрешни работи на спречување на прекршувања на законите во речиси сите области.

Преку професионална, одлучна акција припандници на МВР спречија влез на 252 мигранти, при што во истата акција сузбиена беше 12 члена организирана криминална група за круимчарење мигранти“, рече Миле Талески, пратеник од СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ и институциите се посветени на зголемување на безбедноста на граѓаните.

Јавноста е сведок на секојдневни акции на МВР за пронаоѓање лица во бегство од издржување казна затвор, на откривање економски криминал, како и на борба против трговија со дрога и психотропни супстанци.

Во последниот период засилена е контролата на сообраќајни прекршоци. Само во петокот, само на територија на Град Скопје изречени се 400 санкционирања за различни сообраќајни прекршоци.

Припадниците на полицијата активно работат и на санкционирање на прекршителите на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Борбата против криминалот и корупцијата останува врвен приоритет за СДСМ и владата што ја предводи. Следува процес на целосно прочистување на судството и уште поголема транспарентност и отвореност на државните инситуции.

Градиме држава на ред, правда и дисциплина, држава во која законите важат подеднакво за сите“, изјави Миле Талески, пратеник од СДСМ

Би можело да ве интересира

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста