Џенифер Лопез и нејзиниот секси задник од 27 милиони долари никако не можат да здосадат, а се чини дека и нејзиниот вереник Алекс Родригез не може да се наужива на телото на неговата поубава половина.
Тој ја снимаше додека се расонуваше со утринско кафе и музика покрај базен, а ритамот ја понесе, па таа покажа малку од своите танчерски способности, во кои, како што е познато, е ненадминлива.
Славната Џеј Ло беше во црни хеланки и црна маичка, што е нејзината омилена спортска комбинација, па најчесто можеме да ја гледаме во вакви комплети.