Спасовски во Ѓорче Петров: Продолжува вистинската грижа за сите, во соработка со граѓаните ќе ја зголемиме општата и сообраќајната безбедност

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на маалска средба со граѓани од скопската општина Ѓорче Петров.

На средбата на која беа запазени сите мерки за заштита од коронавирусот, Спасовски со граѓаните разговараше на повеќе актуелни и важни теми.

Потпретседателот Спасовски истакна дека по трите сета мерки за помош во економијата, Владата предводена од СДСМ неодамна го донесе и веќе го спроведува и четвртиот сет мерки вреден 470 милиони евра преку кој ќе им се помогне на пензионерите, на невработените, на самохраните родители, но сериозно ќе им се помогне и на компаниите особено оние кои се од најпогодените сектори од коронакризата.

Како што информира СДСМ преку соопштение, Спасовски на средбата разговарал и за општата и сообраќајна безбедност, при што се осврна на засилените контроли што Министерството за внатрешни работи ги прави во овој дел од Скопје а кои имаат за цел превенирање на сообраќајни прекршоци и зголемена безбедност во сообраќајот.

„Само во текот на вчерашниот ден преку засилена акциска контрола само во Ѓорче Петров се санкционирани 192 возачи за различни сообраќајни прекршоци, а од санкционираните 11 лица се мотоциклисти. Важно е да сфатиме дека само со почитување на сообраќајните правила од сите учесници ќе се достигне целосна состојба на ред и дисциплина која сите ја посакуваме и затоа овие засилени контроли и овде во Ѓорче Петров но и низ целата државата, ќе продолжат и во иднина“, порача Спасовски на средбата со граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“