Новиот јапонски премиер Јошихиде Суга денеска отпатува во Виетнам и Индонезија, во прва официјална посета на странска земја откако ја презеде функцијата од Шинѕо Абе.
Суга се очекува да потпише билатерален договор со Виетнам за одбранбена опрема и трансфер на технологија, во рамките на напорите на Токио да промовира извоз на јапонска воена опрема. Тоа е знак дека Суга е решен да ги следи чекорите на Абе во дипломатијата.
Одлуката за посета на Југоисточна Азија укажува на напорите на Јапонија да се спротивстави на влијанието на Кина и да се изградат посилни економски и одбранбени врски во регионот, што во голема мерка е во согласност со визијата на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, коментираат светските медиуми.