Кои се Виктор и Александра: велешани повторно креираат лажни вести во корист на Трамп пред изборите

Од:

Велес, градот кој преку првата претседателска кампања на Доналд Трамп во 2016, стана светски познат по ширењето лажни вести, повторно сака да го земе својот дел од колачот за претстојните избори. Истражувањето „Партнерство за интегритет на изборите“, покажало дека луѓе од Велес повторно градат мрежи од веб-страни, со чија помош шират лажни вести за изборите во САД.

Во истражувањето посебно се истакнува една веб-страница со име Resist the Mainstream (Спротивстави се на меинстримот). Повеќето од содржините на оваа веб-страна едногласно ги поддржува или промовира конзервативните политичари. Голем дел од текстовите се копирани од други веб-страници, посебно од десничарскиот портал The Daily Wire.

Понекогаш се протнува и лажна вест, како на пример онаа дека Џо Бајден носел „бубица“ во увото во текот на првата претседателска дебата. Во рубриката „За нас“ стои дека „Проектот е направен со мисија да се известува за вести кои меинстрим медиумите не сакаат да ги објават“. Како адреса на порталот, пак е наведен Остин, Тексас.

Истражувањето „Партнерство за интегритет на изборите“ покажало дека зад оваа страница стојат две лица од Велес кои собираат содржини од десничарските портали и потоа ги шират по социјалните мрежи.

„Немаме причина да се сомневаме дека операторите на овие страници се мотивирани од нешто друго, освен од финансиска корист. Меѓутоа, тие продолжуваат да профитираат од поларизација и веројатно придонесуваат за нејзино ширење во Америка. Лицата кои се десно наклонети ги читаат овуе странски извештаи“; стои во заклучокот.

Вирални извештаи

Луѓето кои ги отвораат овие портали, стои во истражувањето, со копирање на содржините од познатите портали, го кријат идентитетот, шират лажни вести и привлекуваат огласувачи.

На пример, нивната објава за наводна изборна измама стана вирална, а во една прилика ја сподели и републиканскиот политичар Дејвид Роу. Сопствениците на страницата се обидоа да се сокријат користејќи ја услугата WhoisGuard која нуди приватност во прикривањето на идентитетот на сопствениците на домејни. Овие лица како контакт регистрирале адреса на Gmail, а навеле поштенска адреса во САД. Но, иако ги унапредиле тактиките од 2016 година, сепак не успеале да ги сокријат сите траги.

Три автори на страницата, „админ“, „александра“ и „виктор“, според истражувањето, се поврзани со три различни e-mail адреси. Адресата на администраторот е Gmail адреса наведена во рубриката „За нас“, а Виктор и Александра имаат различни e-mail адреси. Преку тие адреси истражувачите брзо дошле до Фејсбук профилите на Виктор и Александра, кои се пријатели и двајцата живеат во Велес.

Треба да се напомене дека посетителите кои прв пат ќе пристапат на страницата ќе ги дочека порака: „Драги читатели, свесни сме дека сториите од нашата веб страница не може да се споделуваат на Фејсбук. Таму сме цензурирани. Ќе го решиме тој проблем наскоро“.

Имено, истражувачите пред објавата на оваа анализа ги контактирале социјалните мрежи Фејсбук и Пинтерест, и навистина и на двете мрежи се блокирани.

Секогаш се наоѓаат социјални мрежи за пласман

Но, социјалните мрежи ги има и повеќе од потребно, па „Ресист“ се префрли на „Палер“. Не е толку позната во Европа, но во САД има околу два милиони корисници. Слична е на Твитер, но се промовира како платформа која ја штити слободата на говор. Голем број од корисниците кои се поддржувачи на Трамп, таму пласираат пред се антисемитски објави и теории на заговор.

Тие таму имаат околу 400.000 следбеници. Истите лица од Велес се поврзуваат и со други профили, како што е страницата која ја промовира афроамериканската про Трамп авторка, Кендејс Овенс.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ