СДСМ: Во борбата против коронавирусот клучни се граѓаните со совесно и одговорно почитување на мерките за заштита

Од:

„Сериозното зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот во изминатите денови не донесе до раскрсница, до избор дали нашата држава ќе се претвори во ново Бергамо или сите заедно, со доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите ќе го зауздаме растот на новоинфицирани со вирусот, за кој се уште нема лек, ниту вакцина.

Се бориме со невидлив и подмолен непријател, кој им се заканува на сите, никој не е имун, а наше најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, со почитување на мерките за заштита ќе обезбедиме намалување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот“, вели СДСМ.

„Почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците.

Мерките предложени од Комисијата за заразни болести, кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството.

Владата предводена од СДСМ веќе им ги зголеми ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите.

За наредната недела се предложени нови мерки и тоа сите економски субјекти да не работат од 23 часот навечер до 5 часот изутрина, забрана за одржување на секакви настани и ограничување на капацитетот на патници во јавниот превоз.

Воведувањето на овие и нови уште порестриктивни мерки зависи од тоа колку ќе бидат граѓаните дисциплинирани во почитувањето на мерките за заштита и ковид протоколите.

Во борбата против коронавирусот клучно е совесното и одговорно однесување на грѓаните, клучно е дисциплинираното почитувањето на мерките – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Ова е заедничка броба, на сите граѓани и на сите институции, само заедно можеме да го победиме невидливиот непријател“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“