ВИДЕО: Премиерот Заев присуствуваше на откривање на спомен обележјето и вечното почивалиште на Тоше Проески во Крушево

Од:

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски присуствуваа на откривање на спомен обележјето на Тоше Проески и положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

Посебен момент и големо значење на настанот дадоа и маратонците кои трчаа од Табановце преку Скопје до Крушево за да одадат почит на музичкиот великан Тоше Проески.

„Денеска сме тука за да поклониме пред вечното почивалиште и спомен обележје на нашиот голем сограѓанин и интернационално прифатен естраден уметник – Тоше Проески, како наша должна почит за момчето со големо срце кое беше преполно со љубов, добрина, хуманост, верба, човечност и бескрајна посветеност и верност кон музиката. Од денеска натаму сите ние, како и сите фанови на Тоше од другите земји, ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште кое како симбол ја одразува искрената религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој тој ја споделуваше и преку неговата музика. Тоше на најдобар можен начин, успеа да го обедини Балканот. Онака како што треба, успевајќи со својата искрена желба, неповторлива харизма и со своите безвременски песни да ги премости сите навидум непремостиви нешта. Тоа е нашата македонска гордост, кој со својот ангелски глас и непосредност, полнеше стадиони, плоштади и сали, каде и да се појавеше. Загубата на Тоше Проески со ништо не може да биде надоместена. Но, затоа е тука вечното сеќавање на благородната душа која со своите постапки и со своите песни обележа цела една епоха од нашето културно и естрадно творештво“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Поминаа 19 години од последниот концерт на Тоше Проески

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Најголемите хитови на Тоше Проески објавени на двојно винилно издание

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски