ЕУ ќе продолжи да работи на договорот со Лондон, но не по секоја цена, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајене првиот официјален претставник на ЕУ што реагираше на пораката на британскиот премиер Борис Џонсон, кој рече дека „доколку не дојде до фундаментална промена во пристапот на ЕУ“, Велика Британија треба да се подготви на 31 декември да го заврши преодниот период без договор за идните односи.
Претседателката на Европската комисија напоменува дека преговарачкиот тим на ЕУ, како што беше планирано, следната недела ќе отпатува за Лондон со цел да ги интензивира преговорите.