(ВИДЕО) Менкиноска: Висината на една зграда на Наумоски има повисока цена од здравјето на граѓаните

Од:

„Кластерот СДСМ е повторно актуелен. Овој пат скандалозно однесување на координаторот на советничката група на СДСМ во Ѓорче Петров кој присуствувал на седница на советот, а притоа знаел дека има симптоми на Ковид 19.

Имено, го прашуваме Цветковски дали на 13- ти октомври вторник кога се одржала седница на советот на општина Ѓорче Петров на која требаше да биде ставена точката на дневен ред за спорниот ДУП во Дексион Јурија и ново задолжување на општината Ѓорче Петров со над 1 милион евра, соочувајќи се со отсуство на еден советник од владеачкото мнозинство и немањето на мнозинство присуствувал на седницата, а при тоа имал симптоми на болеста?

Со оглед дека утредента го добил резултатот од Ковид 19 тестот, дали Цветковски чувствувајќи симптоми на Ковид 19 свесно ги донел во опасност другите советници, вработените во општинската администрација, граѓаните и медиумите кои го пренесуваа настанот?“, рече Наташа Менкиноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто воопшто дошол на седницата ако чувствувал симптоми на Ковид 19? Одозгора на тоа на видеото од седницата може да се забележи како Цветковски не почитувал дистанца и никакви заштитни мерки и одозгора на тоа давал и изјави за медиумите.

Дали Александар Наумоски и општинските власти знаејќи за оваа ситуација, а во тешкотија да обезбедат мнозинство, намерно не ги почитувале протоколите за заштита и не е мерена температура на влезот, бидејќи ако мереле Влатко Цветковски немало да може да присуствува на седницата и со тоа да ги донесе во опасност сите присутни.

СДСМ е спремен и по цена на животот на своите советници да го донесе заболениот Цветковски на седницата за да имаат мнозинство со цел заштита на криминалот и корупцијата на Александар Наумоски.

Само кај Александар Наумоски висината на една зграда има повисока цена од здравјето на неговите соработници, медиумските работници и граѓаните.

Што толку и на кого му ветил дека ќе гради што е спремен да ги жртвува и своите партиски колеги? Апсолутно сме згрозени од оваа неодговорност, ова е монструозно и смислено и не е ниту наивно ниту случајно.

Дури и кога Влатко Цветковски го добил позитивниот резултат на Ковид 19 никој од општината не ги контактираше советниците на ВМРО-ДПМНЕ, вработените во општинската администрација и новинарите да им го соопшти ова и да им се направи анкета, за да се утврди опасноста од трансмисија на болеста.

Ги повикуваме надлежните органи да го истражат случајот и самиот Цветковски да ги приложи соодветните тестови бидејќи криењето на заразата од корона е кривично дело затоа што со тоа потенцијално се шири зараза која е со потенцијални смртни последици за граѓанитe“, изјави Наташа Менкиноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски