Чешкиот премиер Андреј Бабиш побара поголема координација внатре во ЕУ околу прашањето за борбата против Ковид-19.
– Коронавирусот се враќа и ќе има проблеми, изјави Бабиш.
Заминувајќи на самитот на ЕУ 27 во Брисел, чешкиот премиер ја нагласи потребата за подобра европска соработка и помош кога станува збор за медицинска опрема и персонал, болнички капацитети и вакцини.
Тој потенцира дека Република Чешка во првиот бран на коронавирусот била многу успешна, но сега е „меѓу најлошите“ во Европа.
Чешка во однос на бројот на население моментно е меѓу најголемите светски жаришта на Ковид-19 со над 400 новозаразени на 100.000 жители.