Шестмина пациенти во Бардовци позитивни на коронавирус

Од:

Шестмина пациенти во Психијатриската болница Бардовци се позитивни на коронавирус. Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Алаксандар Стојанов вели дека овие пациенти се единствениот познат кластер на коронавирус во моментов.

„Позитивни се шестмина пациенти. Утрово ги завршивме епидемиолошките анкети. Земени се брисеви од нивните контакти и ставени се во изолација. Овие пациенти се единствениот кластер во моментов. За сите останати новозаразени немаме податоци. Има само едно четиричлено семејство кое кажа дека биле на роденденска прослава. За останатите нема такви податоци, трансмисијата е широко распространета“, вели директорот Стојанов за „А1он“.

Вчера, со 445 новозаразени, во Македонија беше регистрирана најголемата дневна бројка на нови случаи на заболени од Ковид – 19. Пациентите од Бардовци се влезени во оваа бројка.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски