(ВИДЕО) Николовски: На 25 октомври прв дигитален Конгрес на СДСМ

Од:

На 25 октомври ќе се одржи дигитален конгрес на СДСМ. Првпат во нашата земја, тоа ќе го направи најсилната, најдинамична и најотворена демократска партија, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во денешното обраќање.

– На овој дигитален конгрес ќе биде даден отчет за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот четиригодишен мандат, даден од граѓаните. Како современа партија која постојано се менува, ќе разговараме за измени и дополнувања на Статутот на СДСМ, за уште поголема демократизација на партијата. За зголемување на директната внатрепартиска демократија, зајакнување на положбата и учеството на жените и младите и процесите на одлучување, рече Николовски.

Тој нагласи дека етичка одговорност на сите членови на СДСМ, согласно највисоките меѓународни стандарди и практики, е нивна заложба која, како што посочи, ќе ја канализираат на соодветен начин.

– Со предлог измените првпат во историјата на Република Северна Македонија СДСМ ќе спроведе директен избор на претседател на партија. Членовите лично ќе гласаат на слободни, непосредни, фер и демократски внатрепартиски избори. Најавувам и други измени согласно меѓународните стандарди на социјалдемократијата, како што доликува на една прогресивна партија како СДСМ, истакна Николовски.

Преку низа конкретни примери, додаде тој, СДСМ покажа дека знае да се менува на подобро, во интерес на граѓаните, во интерес на државата, во интерес на демократијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат