Уметничката од Лондон Боjард Мешенгер (32), пронајде нов начин како женското тело да го претвори во уметничко дело.
Имено, женскиот задник е нејзиниот уметнички медиум, а женско тело во овој случај го користи како дел од поголеми дела или понекогаш и како само дело.
-Во моите трудови можат да се видат познати слики кои на некој начин проговоруваат за одредени стереотипи во општеството, од Холивуд до златната ера на стрипот, па се до шунд романите од педесетите, изјави Бојард.
Уметничката објаснува и како се создаваат нејзините дела: „Прво го отсликувам телото, а потоа и заднината во која телото ќе се вклопи. Дури потоа ги фотографирам пред паното, а фотошоп користам ретко и само за да го поправам контрастот или да нагласам одредени бои“.
Финалниот производ е фотографија, а на луѓето тоа им е интересно бидејќи понекогаш е тешко да се направи разлика дали станува збор за фотографија или за слика.
Нејзините фогографирани задници се откупени од бројни колекционери од Австралија, Париз, Њујорк и Лондон, а нејзините дела постигнуваат цени и од неколку десетици илајди фунти.