ЕК: Грција може да излезе од рецесија

Од:

Рецесијата која во Грција трае повеќе од пет години може да заврши во 2014 година, но стапката на невработеност во државата уште три години ќе остане над 20 проценти, стои во извештајот на Европската комисија.

Во извештајот пишува дека стопанството во Грција ќе забележи минимален пораст во 2014 година, за прв пат од 2008 година .

Се очекува невработеноста од 27 проценти да започне да опаѓа и во 2016 година да достигне дваесет и еден процент.

Грција од 2010 година зависи од кредитната помош на државите во евро зоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Иако владата рече дека и наредната година ќе настојува да дојде до капитал со продажба на обврзници, Европската комисија истакна дека поради големите долгови, пристапот до финансискиот пазаар ќе и биде отежнат уште неколку години.

Поради тоа мерките за штедење кои владата мораше да ги воведе како услов за финансиската помош, допринесоа до намалување на долговите и дефицитот, но не го загрозија стопанството.

Тие мерки меѓу кои и намалувањето на платите и пензиите и тоа со зголемување на даноците, ја продолжија рецесијата и доведоа до невработеност од 27 проценти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција