Затворски полицаец од затворот во Штип заразен со коронавирус

Од:

Затворски полицаец, кој девет дена не бил на работа во Затвор-Штип е инфициран со Ковид-19. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека бројката на позитивни случаи во оваа институција се искачи на пет.

Заразени се сега двајца затворски полицајци, лекар, стоматолог и еден осуденик. Здравствена состојба на деветмината осуденици е добра и од изолација излегуваат утре, а останатите двајца, кои имале контакт со здравствените работници во изолација ќе останат до 20 октомври.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека вчера покрај новиот случај во Затворот имаат и позитивни случаи во новиот штипски текстилен кластер и нивни контакти. Епидемиолозите дневно земаат од 20 до 30 брисеви.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски