Абазовиќ: Јас немам полициска заштита, но сум под нивен надзор

Од:

Црногорскиот лидер на Граѓанското движење „УРА“, Дритан Абазовиќ, изјави дека нема полициска заштита, но дека се наоѓа под полициски надзор.

Во утринската програма на државната телевизија „РТЦГ“, Абазовиќ рече дека не сака да прави драма околу тоа, иако, како што вели, имал одредени непријатности што ги доживеал како составен дел од неговата работа.

Говорејќи за влезот на партиите од националното малцинство во новата влада, Абазовиќ рече дека на оној што нема да влезе во власта ќе му биде полошо, посочувајќи дека владејачкото мнозинство ги отворило вратите за сите што сакаат да учествуваат во новата влада.

„Кој сака, ќе има можност, кој не сака тоа е апсолутно негово легитимно право“, изјави Абазовиќ за „РТЦГ“.

Тој тврди дека никој не влијае врз него при донесување на одлуките и дека досега не претрпел никаков притисок или закана.

Говорејќи за формирањето на новата влада во Црна Гора, Абазовиќ рече дека таа ќе се формира во наредниот месец и ќе вклучува некои нови имиња што се помалку познати во јавноста, а кои ја имаат изградено својата кариера во признати светски институции.

На прашањето дали има напредок кога станува збор за поделбата на ресорите, Абазовиќ изјави дека е направена одредена динамика предвидена од мандатарот Здравко Кривокапиќ.

Но, ако некој, како што рече тој, „замислил дека треба да ја користи државата како полигон за исполнување на приватни интереси, тој греши“.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала