Отворен ден на Музејот на град Скопје

Од:

Музејот на град Скопје по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, ќе биде отворен за сите посетители во рамки на програмата „Музејот за децата – децата за музејот“.

Сите заинтересирани можат да учествуваат во музејско – едукативните работилници што ќе се одржат денеска од 9 до 16 часот, во просториите на Музејот, а темата ќе биде „Скопје 63“.

Покрај работилниците на кои децата ќе можат креативно да се изразат преку цртежот, глината, колажот, ќе можат да погледнат и проекции на краткометражни документарни филмови на теми поврзани за Скопје и земјотресот од 1963 година.

Филмовите се добиени по пат на соработка на Музејот со Кинотеката на Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска