Британски шпиони се обидуваат да ја заштитат работата при пронаоѓање на вакцина против Ковид-19 од непријателски сили кои се обидуваат да ја украдат или ги саботираат податоците на истражувањата во трката за глобална награда за имунитет, изјави денеска генералниот директор на Безбедносните служби, Кен Мекалум.
– Јасно е дека глобалната награда за прва употреблива вакцина против коронавирусот е голема, па очекувавме и дека голем број други страни во светот ќе бидат многу заинтересирани за тоа истражување, истакна директорот на МИ5.
Кандидатот за вакцина на Универзитетот Оксфорд и компанијата АстраЗенека е во подоцнежна фаза на испитување, а кандидатот за вакцина, кој го развива Империјал Колеџ Лондон е во рана фаза на клинички испитувања.
Според Светската здравствена организација, повеќе од 150 потенцијални вакцини се развиваат и тестираат на глобално ниво со цел да се спречи пандемијата на Ковид-19, со 42 кои се испитуваат врз луѓе.