На денот кога требаше да се оддржи втората претседателска дебата, предложена во виртуелен формат поради позитивниот коронавирус тест на Доналд Трамп, претседателот сепак ќе има настап во живо емитуван на Ен-Би-Си. Во меѓувреме, продолжуваат предизборните митинзи на Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Настанот на Ен-Би-Си ќе се оддржи во Мајами, претседателот ќе одговара лично на прашања на поддржувачи од Флорида. Истовремено, Бајден има предвидено разговор во живо со поддржувачите од Филаделфија, емитуван од телевизијата Еј-Би-Си. Двете емисии ќе започнат истовремено, во 20 часот по источноамериканско време.
Првично, во четврток требаше да се оддржи класична Трамп-Бајден дебата, втора по ред. Но откако тестот од Ковид-19 на претседателот беше позитивен, Комисијата за претседателски дебати предложи настанот да се оддржи виртуелно. Но Трамп го одби тој формат барајќи настап во живо, по што дебатата беше откажана.
Откако лекарот на претседателот објави дека вирусот кај него се повлекува и тој се чувствува подобро, Трамп се врати во предизборната кампања со јавни настапи во живо, митинзи или телевизиски средби со поддржувачи. Тој започна турнеја со голем митинг вчера во Флорида, „фронтова држава“ и клучна за победа на секој претседателски кандаидат. Во својот говор пред илјадинци поддржувачи Трамп рече „се чувствувам силно“.
И Бајден вчера беше во Флорида, а потоа отиде во Охајо. Во кампањата на демократскиот претседателски кандидат се приклучи и неговиот поранешен партнер од Белата куќа, екс-претседателот Барак Обама.
Утрешниот настан на Ен-би-си со Трамп во Мајами ќе биде со голем број луѓе, како техничари, камермани и публика. Ен-би-си денеска потврди дека настанот ќе се оддржи според „правилата утврдени од официјални здравствени лица“.
Крег Мелвин, водител во телевизијата објави изјава од Клифорд Лејн, клинички доктор од Националниот институт за здравје (НИХ).
Во изјавата се вели дека тој и д-р Антони Фаучи, врвен американски експерт за инфективни заболувања, ги разгледале податоците за состојбата на Трамп, вклучително и ПЦР тест, извршен и анализиран од НИХ вчера. После ова, д-р Лејн зкалучил „со голема доза на увереност“ дека претседателот „не испушта заразен вирус“, јави Ен-би-си.
Од телевизјата не потврдија дали последниот ПЦР тест на Трамп е негативен, јави Њујорк тајмс.
Советниците и помошниците на претседателот одбиваат да коментираат за здравствената состојба на Трамп. Од телевизијата потврдија настанот може да се откажи ако помошниците не потврдат декаТрамо нема да биде заразен за сите околу него. Ен-би-си сепак, прифати да се оддржи разговор со публика и Трамп пред камери.