Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е позитивен на коронавирусот, откако денеска се тестирал за Ковид-19, дознава „А1он“.
Тој бил на преглед во Градската болница „8 септември“, а се пожалил на покачена температура, изнемоштеност и сува кашлица. По извршените прегледи тој бил пуштен дома. Наредните дваесетина дена тој и неговата сопруга Александра Мијалкова, која е исто позитивна на коронавирусот, ќе ги поминат во изолација.
Денешното судско рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ беше одложено затоа што Мијалков имаше симптоми на Ковид-19.
Неговиот адвокат Љупчо Шврговски кажа дека кај ексдиректорот на УБК вчера се појавиле симптоми – покачена температура и сува кашлица.
Денеска во судницата за „Таргет-Тврдина“ требаше да се изведуваат материјални докази, а беше најавено и сведочење на министерот за правда, Бојан Маричиќ.