Неколку илјади поштенски марки од кавадаречкиот филателист Љупчо Настов вечерва на изложба во Неготино

Од:

Неколку илјади поштенски марки од кавадаречкиот филателист Љупчо Настов вечерва ќе бидат промовирани на изложба во Музеј на град Неготино.

– Филателијата претставува собирање и проучување на поштенските марки и важи за едно од најпопуларните хобија во светот. Поштенската марка, како амбасадор на земјата-издавач, овозможува поглед во културата на земјата, нејзиното уметничко и историско наследство. Филателијата ги обединува луѓето со различни професии, политички убедувања и општествени класи, кои на ова хоби му се посветуваат заради задоволство, проширување на своето знаење, но и заради заработка. Првата поштенска леплива марка е воведена во 1840 година како потврда за однапред платена поштарина. Оваа марка се нарекува „Црно пени“ со ликот на кралицата Викторија. Британската пошта прва ја донела одлуката за печатење и за продажба на поштенски марки. А набрзо овој метод на плаќање поштарина го прифатиле и другите земји, потсетуваат од неготинскиот музеј.

Редовните поштенски марки коишто циркулираат во секојдневниот поштенски сообраќај, додаваат оттаму, имаат различна тематика – архитектура, етнологија, разни ликови на истакнати личности од разни сфери, додека програмата поштенски марки овозможува да се направат тематски збирки со мотиви на флора, фауна, културно наследство, спорт, екологија, а најмладите имаат можност да собираат детски поштенски марки.

-Поштенски марки се котистат и за хуманитарни цели, такви се доплатните марки кадешто доплатата на услугата е наменета за хуманитарни цели.

Со појавата на поштенските марки се создала и нова страст кон нивното собирање и проучување – филателијата. Во земјава постојат неколку друштва што се занимаваат со филателија, нагласуваат од Музејот.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска