Накит вреден над еден милион долари, производен од златарницата „Шопар“, бил украден минатата ноќ од хотелот „Новотел“ во францускиот град Кан.
Како што јавуваат медиумите, накитот бил украден од хотелска соба на еден од вработените во „Шопар“.
Според полицијата, накитот се наоѓал во сеф, кој крадците го откорнале и го однеле од хотелската соба.
Украдениот накит бил наменет за изнајамување на филмските ѕвезди и гостите кои учествуваат на Филмскиот фестивал во Кан.