Фатени тројца крадци од Свети Николе и Штип

Од:

Дваесет и двегодишниот Н.И. од Свети Николе е фатен на дело од полицијата во тешка кражба, соопшти МВР.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, во пишано соопштение вели дека вчера полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.И. од градот, затоа што бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ . По комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Штипски полициски службеници во друг случај вчера на магистралниот пат Велес-Штип, кај населбата Три Чешми, ги лишиле од слобода 42 годишниот Т.З.и 52 годишниот К.И., двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

По комплетирање и на овој случај против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип