Милески се преселил, за барањето за одложување на казната надлежен е судот во Охрид

Од:

Молба за одлагање на правосилно изречената казна затвор, од страна на осудениот Зоран Милески – Кичеец, е доставена до надлежниот судија за извршување санкции кој го издал упатниот акт со кој требало на 12.10.2020 година тој да се јави на издржување на затворската казна во КПУ Затвор Скопје, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

– Истовремено осудениот го известил судот дека по приемот на Упатниот акт истиот ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид, па согласно одредбите од Законот за извршување санкции и тоа член 7 ст. 2 и член 137 ст. 1 од ЗИС, за одлучување по молбата за одлагање како и понатамошното постапување по предметот наделжен според адреса на живеење на осудениот е Основниот суд во Охрид, каде предметот е веќе испратен, се вели во соопштението од Основен кривичен Суд Скопје.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог