(ВИДЕО) Митрески: Промена на Деловникот на Собранието за пратениците во изолација да можат да работат

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески денеска изјави дека на координативната средба во Собранието ја објаснил потребата од промена на Деловникот со цел воведување работа на далечина, а негов предлог било тоа да биде само за пратеници кои имаат решение за изолација.

-Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, присуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн, рече Митрески.

Тој потенцира дека во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет, а на граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.

Според него, вакви примери на комбинирано работење на Парламентите има низ целиот свет.

-Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефунционалност на државата во борбата со Ковид. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот, рече Митрески.

Пратениците, како што кажа, треба да им служат на граѓаните во секакви околности, вклучувајќи ја и панемијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината