А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во С.Македонија се зголемува антибугарската реторика, удел во тоа имаат руските служби, тврдат бугарски аналитичари

by А1он13/10/2020 - 14:0113/10/2020 - 14:01270
Share0

Во Северна Македонија и Србија се зголемува антибугарската реторика, а удел во тоа имаат руските служби, тврди Милен Керемедчиев, поранешен бугарски заменик-министер за внатрешни работи, кој дава осврт на последните случувања во односите меѓу двете земји, по изјавата на премиерот Зоран Заев во неделата, дека барањата на Софија не се европски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дебатата за односите на реалција Скопје-Софија се интензивира и во Бугарија, откако премиерот Зоран Заев во неделата изјави дека барањата, кои доаѓаат од Софија, не се ниту европски, ниту добрососедски и дека доколку работите останат вакви какви што се земјава треба да го подготви својот народ дека во декември нема да отпочат преговорите со Европската Унија.

-Преку Србија минуваат руските интереси во регионот. Гледаме дека во Србија и Северна Македонија се зголемува антибугарската реторика – руските служби имаат удел во тоа, рече Керемедчиев за емисијата „Бугарија наутро“ на ТВ Bulgaria on air.

Следете a1on на Youtube YouTube

Меѓународниот аналитичар Николај Крастев, пак, додаде дека руските и белградските интереси се совпаѓаат во однос на Северна Македонија. Според него, зголемувањето на антибугарската реторика во последно време е загрижувачка.

-Пред две години Бугарија стори се што можеше да го посвети своето претседателство со ЕУ на проширувањето кон Западен Балкан и особено кон Северна Македонија. Не Владата во Скопје, туку опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад прашањето со македонското малцинство во Бугарија и на тој начин е против духот на Договорот меѓу Софија и Скопје, разгорувајќи нови националистички страсти на таа тема, вели Крастев.

Според него, политиката на ВМРО-ДПМНЕ е проруска и води до самоизолација на Северна Македонија.

Керемедчиев од своја страна нагласи дека последната изјава на Заев е упатена до Германија.

-Зборовите на Заев се повик за помош. Тој повик е упатен кон Германија и лично кон госпоѓата Меркел. Канцеларката, напуштајќи ја својата позиција и тронот на лидерството во ЕУ сака да го заврши своето владеење со лепеза од успеси. Во секој случај Германија сака до крајот на годината да добие некакви конкретни чекори во однос на Северна Македонија, додаде Керемедчиев.

Според него, притисокот врз Бугарија ќе се зголеми и оваа реторика е логичен дел од тој притисок.

Вели според последните истражувања се намалуваат позитивните чувства во Северна Македонија кон Бугарите и се прават обиди за предизвикување на хистерија во сите овие процеси.

-ЕУ е многу изморена од своето проширување. Не знам дали по десет години ќе се прими нова земја-членка. Да се прави сега хистерија е малку избрзано. Има силно активирање на службите и на руските интереси во регионот, нагласи поранешниот заменик-министер за внатрешни работи.

bugarija dogovor

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он11/05/2026 - 21:33

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 14:47

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 12:25

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто