Изложба на дела од украински уметници кои живеат во Скопје денеска ќе се одржи од 12:00 до 14:00 часот во Музејот на македонската борба, информира Амбасадата на Украина.
Во соработка со заедницата на Украинците именувана по Лесја Украинка, Украинската амбасада изразува задоволство што има можност да ги покаже делата на Снижана Мељник, Наталија Будљанска, Маријана Велковска, Тетјана Урбанович, Ољга Побережна.