ВИДЕО: Експретседателот на Грузија Саaкашвили нападнат со тупаници во Атина

Од:

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, попладнево бил нападнат со тупаници од непознат човек во Атина, каде политичарот требало да се сретне со претставници на грузиски здруженија во Грција.

Саакашвили, опкружен со свои приврзаници, се подготвувал да одржи говор пред просториите на грузиска асоцијација, кога еден млад човек се издвоил од толпата и почнал да го удира политичарот повеќепати по главата и лицето.

На снимката од инцидентот се гледа како луѓето присутни на собирот се обидуваат да го оттргнат напаѓачот, пред да интервенираат грчките полициски специјалци, кои употребуваат и спреј со солзавец за да ја разбијат вознемирената толпа и да ја смират ситуацијата.

Саакашвили подоцна преку Фејсбук ги обвини своите противници во Грузија дека го организирале нападот, кој го извршиле „неколкумина со маски, кои подло се прикрадоа“.

Контроверзниот грузиски и украински политичар, кој беше претседател на Грузија во два мандата меѓу 2004 и 2013 година, неодамна најави дека е можно да се врати во Грузија, затоа што му било понудено местото премиер на преодната влада. Не се знае како Саакашвили планира да се врати во земјата, со оглед на тоа дека му е одземено државјанството, а тој е веќе осуден на затвор за корупција и проневери и баран во Грузија за други дела.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Грузија сака да воведе закон за странски агенти