Новиот претседател на Египет Мохамед Морси нареди да биде спроведена повторна истрага за смртните случаи на цивили за време на протестите во изминатите 16 месеци, откако почна бунтот против режимот на поранешниот претседател Хосни Мубарак.
Во претседателскиот декрет објавен доцна синоќа се наведува дека смртта на околу 1.000 учесници во протестите треба да се истражи, а виноновниците да бидат изнесени пред суд.
Истрагата ќе биде спроведена од 16-члена комисија составена од судии, обвинители, полицајци, воени лица и шестмина претставници на семејствата на жртвите. Комисијата треба да достави извештај за резултатите од истрагата во рок од два месеци.