Возачот кој покоси луѓе со „БМВ“ во Трубарево имал 1,78 промили алкохол во крвта

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведе истражна постапка против возачот на „БМВ“ кој вчера во скопското село Трубарево, возејќи пијан и со голема брзина, усмрти 40-годишен мотоциклист и деветгодишно дете.

72-годишниот возач Д.Д., кој според полицијата имал 1.78 промили алкохол во крвта и 2.43 промили во урината, е осомничен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, а Обвинителството предлага да му се одреди притвор од 30 дена.

„Осомничениот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи патничко моторно возило БМВ со скопски регистарски таблици во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Имено, тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 33 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили,“ велат од Обвинителството.

„Автомобилот го управувал со брзина на движење која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови, поради што изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во задното тркало од мопед „Баотијан“, без регистарски таблички управуван од Идриз Ќеримовски, жител на селото Долно Лисиче. Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место,“ се вели во соопштението.

„Осомничениот продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот и со возилото се качил на тротоарот и платото пред „Маркет Бренд“, каде со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на оштетено дете родено 2011 година, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во болница, но и тоа им подлегна на повредите.

Осомничениот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот каде удрил и соборил дрвена бандера сопственост и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел,“ велат од Основното јавно обвинителство-Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес

Хрватски возач загина на автопат близу Загреб, несреќата ја предизвика автомобил со бугарски регистрации

А1он

Нема информација дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не треба да се јадат, вели Алиу

Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Почнува дводневен скрининг на населението во Трубарево и околината

Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва – реакција на семејството на Теодора откако Апелација ја потврди двегодишната казна за возачот кој јa прегази

Катерина Ѓуровски