Во изминатите 24 часа во Скопје се регистрирани 96 новозаразени со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во главниот град изнесува 1.792, а речиси 1.000 жители на Скопје кои се заразени во моментов, се од само три општини: Центар (330), Аеродром (327) и Карпош (319), покажуваат последните податоци на здравствените власти.
Еве како се распределени активните случаи на болеста по општините во Скопје и околината:
• Чаир – 92
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 327
• Карпош – 319
• Центар – 330
• Кисела Вода – 210
• Ѓорче Петров – 155
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 3
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 30
• Сопиште – 10
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-15
