(ВИДЕО) Николовска: Четвртиот пакет мерки обезбедува сериозна поддршка за спас на работни мест

Од:

„Од почетокот на коронакризата, Владата предводена од СДСМ преку навремени и ефикасни мерки им помага на граѓаните и компаниите во надминување на негативните последици. Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата. Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и јакнење на приватната потрошувачка. Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места. 27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги. Во пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите“, вели Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.

“Меѓу мерките од четвртиот пакет е и Викенд без ДДВ која се спроведува овој продолжен викенд а која има за цел да ја зголеми приватната потрошувачка, а истовремено да обезбеди повеќе пари кај граѓаните и нивните семејни буџети. Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и  дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите. Во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија. СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи, за брзо надминување на последиците од економската криза’, додава Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата