Македонец и уште една жена биле пронајдени мртви во четвртокот попладне во куќите кадешто живееле во населбата Гиравејн во австралискиот град Перт, пренесе Макфакс.
Осомничен за убиствата е Никола Ник Стоески, сопругот на 31-годишната Ванеса Фарчиќ кој му бил и другар од детството на 37-годишниот Сашо Филковски.
Според соседите на Стоески, тие биле прекрасно семејство и во неделата го прославиле роденденот на второто дете. Филковски бил тренер, сметководител и ИТ-консултант. Се уште не се познати мотивите за убиството.