Прославата на навивачите на Лос Анџелес Лејкерс по победата на нивниот тим во НБА финалето заврши со судир меѓу полицијата и група навивачи низ улиците на градот.
Синоќа стотици верни навивачи се собраа околу Стејплс центарот за да ја прослават 17 титула на Лејкерс во НБА.
Police fire tear gas as celebrations over LA #Lakers NBA championship get out of hand
MORE: https://t.co/Zl7dArgyhO pic.twitter.com/5UcH5aCGfb
— RT (@RT_com) October 12, 2020
Тие не ги почитуваа молбите и препораките на градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети да не се собираат во групи за време на пандемијата со коронавирус.
Ситуацијата беше стабилна се додека дел од навивачите не влегоа во конфронтација со полицијата по што таа реагираше со употреба на солзавец.
More fireworks in #DTLA in celebration of the #Lakers. This one had my ears ringing! @LATACO pic.twitter.com/iRLWR4ID5b
— Lexis-Olivier Ray (@ShotOn35mm) October 12, 2020
Тимот на Лејкерси го оставија најдоброто од себе за најважниот момент и одиграа брилијантен шести натпревар против Мајами Хит, откако триумфираа со 93:106 (20:28, 16:36, 22:23, 35:19) и ја затворија серијата со 4-2 во победи.
На овој начин, Леброн Џејмс и неговите соиграчи го освоија посакуваниот 17 трофеј во историјата на клубот, израмнувајќи го претходниот апсолутен рекорд на другата легендарна екипа – Бостон Селтикс.
Овој шампионат доаѓа во иста година кога тимот го загуби својот легендарен поранешен играч Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во јануари.