Исповед на единствената преживеана во авионската несреќа во Ромулус

Од:

Сесилија Крокер (30) беше единствената која во 1987 година ја преживеа авионската несреќа во Ромулус. Во новиот документарен филм, таа после 26 години раскажа како несреќата влијаела на нејзиниот живот, во која го изгуби нејзиното семејство.

Лузните на телото секојдневно ја потсетуваат на најтрауматичната случка во нејзиниот живот кога со само четири години единствено таа го преживеала падот на авионот, при што загинаа 154 лица, а уште две лица животот го изгубија на тлото близу аеродромот Детроит Метрополитен.

Во новиот документарец „Sole Survivor“ Сесилија Крокер го прекина нејзиното молчење за медиумите и објасни како несреќата влијаеше на неа.

– Секој ден размислувам за несреќата. Тешко е да не се помисли на неа кога ќе се видам во огледало, вели Сесилија и додаде дека се уште има лузни на рацете и нозете и на челото.

Покрај тоа го тетовирала авионот на зглобот на левата рака. Меѓузагинатите биле и нејзините родители и братот. Ја израснале роднини, кои успеале новинарите да ги држат подалеку од неа сите овие години. Интересно е дека денес Крокер често и со задоволство лета со авион и тогаш се чуствува добро.

– Летањето не ме плаши. Се држам до ставот дека ако еднаш ми се случило нешто лошо во авион, тоа повеќе нема да се повтори, рече Крокер и додаде дека шансите за повторување на лошата епизода се многумали.

Би можело да ве интересира

Паднал од трактор, ја скршил вилицата

Ана Ололовска

Петнаесет повредени при неуспешно полетување на авион од аеродромот во Гоа

Предраг Петровиќ

Авионски несреќи кои што ги предизвикале пилотите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Најчести причини поради кои се случуваат авионски несреќи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овие деца преживеале авионски несреќи

Ана Ололовска

Големите сообраќајни катастрофи во 2014. година

Ана Ололовска