Проблемите во светот не се намалуваат, тие треба да бидат решени и централна улога во тоа треба да имаат Обединетите нации, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Сочи.
Лавров наведе дека единствен пат за решавање на проблемите е да се гарантира централната улога на ОН и да се почитува статутот на Организацијата.
Лавров посочи дека за Москва се многу важни редовните контакти меѓу Руската Федерација и ОН за најактуелните прашања кои ја засегаат целата светска заедница.
Бан му се заблагодари на Лавров за руската поддршка за него.