(ВИДЕО) Костадинов: Обезбедени 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема

Од:

„Со членството во НАТО, Република Северна Македонија оствари децениска стратешка цел и ја осигура безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет.

Освен безбедносни гаранции, членството во НАТО за нашата земја обезбедува помош и поддршка и во справување со здравствената криза со коронавирусот.

НАТО Алијансата за Република Северна Македонија обезбеди 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема во вредност од 1,4 милиони евра, како директна помош во справува со коронавирусот“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Ова, е доказ за силното сојузништво што Северна Македонија го гради со новите партнери во НАТО, доказ дека можеме да сметаме на поддршката на 29 земји членки на Алијансата.

Членството во НАТО значи помош и поддршка во секакви кризни ситуации во кои би се нашла нашата земја и затоа беше важно да станеме дел од овој силен меѓународен сојуз.

Покрај помошта од НАТО, за нашата земја, од страна на ЕУ обезбедени се 80 милиони евра макрофинансиска помош за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.

СДСМ како државотворна и одговорна партија продолжува да работи на интеграција и зајакнување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.

Продолжуваме да градиме силни меѓународни односи, да ги јакнеме пријателствата и сојузништвата кои значат поголема поддршка и помош за нашата татковина.

Остануваме целосно посветени на евроинтегративниот процес. Влеговме во НАТО, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство