Управниот суд во Франција ја запре постапката за пасивна евтаназија, кој започна да се применува во еден случај во болница во Ремс.
Лекари од Универзитетскиот болнички центар во Ремс решиле да го остават да почине мажот кој повеќе од четири години бил во кома, бидејќи добиле согласност од неговата сопруга.
Меѓутоа неговите родители се спротивставиле на одлуката, а Управниот суд на 11 мај застанал на нивна страна.
Откако пред повеќе од четири години доживеал несреќа со мотор, триесет и седумгодишниот Венсан Ламбер е потполно парализиран и се наоѓа во болница во Ремс.
По долг период на вегетативна кома лекарите и неговата сопруга одлучиле да го остават да почине и од 10 април не му давале храна , а ја намалиле и количината на водата која пред тоа ја добивал.
Родителите кои сметале дека сепак постои надеж нивниот син еден ден да излезе од кома започнале процес пред судот, а Управниот суд им го дал тоа право.
Исхраната и хидратацијата на пациентот продолжиле на барање на судиите. Неговата мајка изјавила дека откако повторно почнал да добива храна нејзиниот син започнал да се смее, додека неделата пред тоа бил тажен.
Елена Георгиевска