Оланд: ЕУ ќе преживее и без Велика Британија

Од:

Фрацускиот претседател Франсоа Оланд му порача на официјален Лондон дека ЕУ ќе преживее и без Велика Британија.

Лондонските медиуми кои на изјавата на францускиот претседател и даваат значителен публицитет, забележуваат дека таа е удар врз напорите на британскиот премиер за преуредување на односите со ЕУ, како и дека таа ќе го засили притисокот на домашните евроскептици за напуштање на Унијата.

– ЕУ постои уште од времето пред Велика Британија да стане член во 1973 години кога Франција, Германија и уште четири други земји беа заедно во тогашната ЕЕЗ. Верувам дека Велика Британија ќе остане во ЕУ, но не би сакал јас да одлучувам за Британците, рекол Оланд во Париз.

Во анализата на британското однесување, францускиот претседател му забележал на Лондон што со своето однесување може да ја расклати Унијата.

Според претседателот Оланд, во Велика Британија има сили кои сакаат нивната земја да ја напушти ЕУ, додека премиерот Дејвид Камерон сака да преговора одново за позицијата на неговата земја во Унијата, додека Франција сака натамошно егзистирање на еврозоната, како нејзино натамошно унапредување, затоа што според францускиот претседател, зоната на еврото е „срцевина“ на ЕУ.

Велика Британија не е во еврозоната и тоа е нејзина одлука, но Британците не може да го попречуваат консолидирањето и зацврснувањето на еврозоната-рекол Оланд.

Францускиот претседател уште смета дека политиката на британската Влада за остро скратување на буџетот е „пропадната“ затоа што не дава резултати.

Камерон минатиот месец ја откажа својата работна посета на Париз, поради смртта на поранешниот премиер Маргарет Тачер. Средбата треба одново да се закаже, а на неа централно прашање треба да биде барањето на официјален Лондон за нови преговори со Брисел.

За тоа, британскиот премиер Камерон веќе разговараше со германскиот канцелар Ангела Меркел, како и со шпанкиот премиер Рохај.

Лондонските медиуми тврдат дека Гарманците сакаат да го сослушаат британското барање и дека „за се може да се преговара“ но Велика Британија нема сојузници во ЕУ за барањето за нов британско-европски договор.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски