СДСМ: Извештајот на ЕК го препозна напредокот во областа на правосудството, реформите продолжуваат

Од:

„Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, кој нотира напредок во областа на правосудството, изборите и борбата против корупцијата е доказ за посветеноста и потврда на успешните политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Истовремено, Извештајот е дополнителен мотив за парламентарното мнозинство, Владата, сите институции, да работат уште повеќе посветено на реформите што обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем“, велат СДСМ.

„Европската комисија во Извештајот јасно наведува дека со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но и дека многу ќе зависи од неговата соодветна примена.

Извештајот понатаму наведува дека како резултат на реформите во изминатите години Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство и дека треба да се обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат натамошни промени во оваа област.

Во однос на владеење на правото и фундаментални права, односно Поглавје 23, Извештајот наведува дека државата има одредено ниво на подготвеност за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област.

Ова е потврда за успешноста на досегашните реформи и подготвеноста на СДСМ да продолжи посветено да работи на достигнување на европските стандарди.

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, време на целосно прочистување на судството и ефикасно и неселективно владеење на правото“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“