Министерот Ивановски одликуван со Сребрен медал на честа за заслуги

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски доби Сребрен медал на честа за заслуги и придонес за развојот на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ).

Медалот му е доделен во Женева, на Светскиот самит за информатичко општество 2013 што се одржа од 14 до 16 мај.

Со Самитот, кој на едно место ги собра највлијателните организации, компании и министри на влади од областа на информатичко-комуникациските технологии, претседаваше Ивановски. Прифатени беа сите шест заклучоци кои во иднина треба да придонесат за уште поголем развој на информатичките општества.

За време на неколкудневното учество на конференцијата, министерот Ивановски оствари значајни билатерални средби со истакнати претставници на меѓународниот ИТ сектор, со што уште еднаш се потврди местото и улогата на Република Македонија на светската информатичка мапа.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска