Изложбата „Записи од АСНОМ“ денеска ќе биде поставена во Музејот на Република Северна Македонија по повод 11 Oктомври – Денот на народното востание.
На изложбата „Записи од АСНОМ“ се поставени фотографии, документи и повеќе оригинални предемти, поврзани со овој значаен настан од нашата историја. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да погледаат и голем број оригинални карикатури на истакнати партизански борци создадени од Василије Поповиќ – Цицо, како и неколку уметнички дела на Родољуб Анастасов, Радмило Поповски и Томо Владимирски, со тематика од НОБ.
Автор на изложбата е Боро Бунтески, виш-кустос во Одделението за историја, координатор на проектот е Илија Цурев, раководител на Одделението за историја.
Изложбата ќе биде отворена за посети од 13 октомври 2020 година и ќе биде поставена до февруари 2021 година.