Три медицински сестри од штипската Клиничка болница ставени во изолација

Од:

Три медицински сестри од одделенијата за анестезиологија, хирургија и хируршки сали од штипската Клиничка болница од денеска се во изолација. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека изолирањето на трите медицински сестри доаѓа по направената епидемиолошката анкета на лекарот и болничарката, кои работеле на Инфективното одделение.

-Трите медицински сестри имале контакти со заразениот лекар од Неврохирургија, кој беше анагажиран во системот за ротации за работа на Инфективното одделение. Од вчера во изолација е и неговиот колега од ова одделение, вели Ѓеорѓијев.

Останува и понатаму проблемот со недостиг на инфектолози. Во моментов на одделението, кое е од регионален карактер, работат само двајца инфектолози, а третиот е на боледување. Но, како што вели Ѓеорѓијев, проблемите ги надминуваат со ангажирање на лекарите специјалисти од другите одделенија, кои им помагаат на инфектолизите.

Во врска со состојбата со коронавирусот во Затворот во Штип, таму деветтмината изолирани осуденици до денеска немаат појавено симптоми, нивната состојба во моментов ја следи медицинскиот техничар, а лекарот го чека резултатот од тестирањето, кој бил во контакт со заразениот осуденик. Доколку тестот на лекарот се покаже позитивен, во тој случај директорот на Затворот во Штип, Мики Тодоров вели дека од страна на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип треба да се анагажира друг лекар, кој ќе се грижи за здравјето на осудените лица. Направена е и реорганизација во самиот затвор, по вчерашниот прв позитивен случај на коронавирус, кај осуденик.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски