Советот на ЕУ за миграцијата и соработката со Западен Балкан

Од:

Министрите за внатрешни работи на ЕУ27 денеска разговараат за новиот Пакт за миграција и азил, како и за соработка со земјите од Западен Балкан за управување со миграцијата, објави Советот на ЕУ.

На видеоконференција со која претседава германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зеховер, министрите за првпат ќе го разгледаат предлогот на Европската комисија за нов Европски пакт за миграција и азил.

Прашањето на солидарност во европската политика кон мигрантите, односно растеретување на оние европски земји кои се најмногу погодени од мигрантските бранови, продолжува да предизвикува најголемо внимание и несогласувања меѓу земјите-членки.

Во однос на претходните „квоти“ за прием на мигранти, Европската комисија предложи систем на „флексибилни придонеси“ од земјите-членки, што може да варира од преместување на барателите на азил од земјата на првото влегување до преземање одговорност за враќање на лицата без право на престој или разни форми на оперативна поддршка.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ