ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на Заев и Филипче имаме над 300 заразени од коронавирус

Од:

„Црвениот аларм одамна е прегорен. Заради неспособноста на Заев и Филипче само во текот на вчерашниот ден имавме 317 новозаболени од корона вирус. Македонија тоне, а народот е во страв, затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествтото.

Филипче кога вели дека одиме кон есенски бран, треба да знае дека Македонија не излегла од пролетниот бран. Коронавирусот во Македонија е континуирано присутен на кризата до денес. И тоа е единствено вина на Заев и Филипче, кои несериозно го сфатија вирусот.

Дополнително загрижува фактот што се ближиме кон сезоната на грип, билниците по обичај ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини против грип. Поради неспособноста на Заев и Филипче ќе имаме општ хаос во болниците низ државата“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако сега имаме над 300 заболени на ден, колку треба да очекуваме за месец или месец и половина од сега?!

Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека коронавирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес конференции и евтин ПР?! Тоа можеби носи поен плус на нивното политичко конто, но никако не носи сигурност за граѓаните.

СДСМ мора да сфати дека за справување на пандемија од светски размери е потребна сериозна стратегија и широка општествена вклученост на сите релевантни чинители.

Заради игнорантскиот однос на власта, граѓаните само тонат и живеат во страв“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО