Во Крива Паланка изложба на фотограми од Стојанче Величковски

Од:

Во галериски простор на Центарот за култура Крива Паланка во следните десетина дена ќе биде поставена изложбата на фотограми- експериментални фотографии од авторот Стојанче Величковски.

Изложбата е дел од годишната програма на НУЦК Крива Паланка, поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а беше отворена во рамки на програмата за одбележување на денот на ослободување на општината, 8 Октомври.

-Фотограмите се мои авторски експериментални дела, плод на десетгодишните истражувања во областа на експериментална фотографија, како техника во која фотографскиот апарат се претвора во своевидна „алатка“ за цртање при што се постигнува синергија на иновативноста, остроумноста и вештините на фотографот, одбраните светлосни маркери и можностите на фотоапаратот. Се започна случајно, фотографирајќи еден настан од областа на културата, со следење на неколку светлосни точки кои ги преточи во фотограм, поместен токму на плакатот за најава на изложбата и оттогаш ова е мое секојдневно уживање во творечката слобода на дигиталните фотоапарати, изјави Величковски.

Директорката на Центарот за култура, Мира Ѓоргиевска, истакна дека светлината отсекогаш била инспирација за уметниците, поетите, сликарите, философите, а Стојанче Величковски како сестран уметник, создал интересни уметнички дела со светлосната енергија, уникатни и единствени во светот на уметноста во државата.

Делата ќе бидат достапни за јавноста во следните десетина дена.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска