Хаџи Шаља утре во Хаг поради обвинение за сторено воено злосторство врз цивили

Од:

Пратеникот од Алијансата за иднината на Косово, Хаџи Шаља утре ќе биде испрашуван како обвинет пред судот во Хаг, под сомнение дека извршил воено злосторство врз цивилно население.

Овој поранешен припадник на терористичката ОВК од Малишево, близок соработник на Рамуш Харадинај и Фатмир Лимај, доби покана од Обвинителството во август и рече дека неговото испрашување како и испрашувањето на другите припадници на ОВК ја доведуваат во прашање самата„вредност на војување на ОВК“.

Шаља е еден од поранешните припадници на терористичката ОВК кои беа повикани пред Обвинителството во Хаг во својство на сведоци или осомничени.

Специјалниот суд ја интензивираше својата работа во последните неколку недели, а обвинението му беше прочитано на првообвинетиот Салих Мустафа кога и започна судењето, на кое, како што најави специјалниот обвинител Џек Смит, ќе бидат испитани уште 16 лица.

Заедно со Мустафа, во одделот за притвор во Хаг се и претседателот и потпретседателот на „Здружението на борци на ОВК“, Хисни Гукати и Насим Харадинај, за кривични дела против правосудството, пренесуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина