Страв, закани и казни во МРТ

Од:

Наместо јавност, шепотење по ходниците, страв, закани, казни. Во Македонска-радио телевизија, наместо нов имиџ на вистински и модерен јавен сервис, како што се ветуваше со новиот кадровски состав, новинарите се репресирани од надредените.

Новинари, кои не се по „вкусот“ на уредништвото и менаџментот, се прераспоредуваат во споровозни редакции, од дневната редакција се префрлаат во редакции кои според раководството не се толку атрактивни и не се закана за нивната фотелја.

Од ЗНМ велат дека има казнети новинари и со 30 проценти пониска плата бидејќи имале свој став за состојбите во МРТ и тоа јавно го кажале на годишното Собрание на Здружението на новинарите. За раководството на МТВ ова е кршење на работниот ред и дисциплина.

Новинарите како чиновници треба да реферираат како го минале денот и што сработиле за 8-те работни часови, но и за тоа со кого и зошто контактирале.

Вработените, се жалеа и дека врз нив се врши мобинг и дека се под закани и уцени да го напуштат ЗНМ и да се зачленат во Македонската асоцијација на новинари.

Токму оваа Асоцијација е најголем поддржувач за донесување на новиот Закон за медиуми, на што жестоко се спротивстави новинарската фела, бидејќи велат, ова ќе значи воведување на цензура и ќе ја отежне работата.

И она што зачудува. Синдикатот на МРТ е член на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударството. Овој Синдикат вели дека нема сознанија за случувањата во МРТ.

Би можело да ве интересира

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска