ЕК: Турција се оддалечува од членството во Европската унија

Од:

Европската комисија соопшти дека турската Влада ја поткопува економијата на својата земја, ја поткопува демократијата и ја уништува независноста на судовите, поради што Турција е многу подалеку од членството во Европската унија отколку претходно.

Комисијата ги обвини „претерано“ централизираните претседателски овластувања за влошувањето на слободата на говорот, затворскиот систем и централната банка и рече дека владата ја изложува Турција на „брзи промени во расположението на инвеститорите“.

„Голема загриженост во ЕУ има во врска со негативниот развој на владеењето на правото, основните права и судството што Турција не ги прикажа веродостојно“, се наведува во годишниот извештај на ЕК за оваа земја, пренесуават британските медиуми.

„Пристапните разговори на Турција ефективно се во застој“, се оценува во извештајот и се додава дека е регистрирано „сериозно назадување“ од обидот за преврат во Турција во 2016 година.

Турција за членството во ЕУ преговара од 2005 година.

Официјална Анкара жестоко одговори на критиките на ЕК. Турското Министерство за надворешни работи извештајот го оцени како „пристрасен и далеку од конструктивен“, отфрлајќи ги критиките како неосновани.

„Исто како што (Турција) не се оддалечува од ЕУ, таа останува посветена на процесот на членство во ЕУ, и покрај обидите на некои кругови да ја отфрлат“, додава Министерството во реакцијата до ЕК.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски